Моторен развој
Груба моторика
- легнато на грб- самото седнува, ако е во близина на мебел, се обидува да се исправи. Брзо менува позиции (легнува, седнува, се превртува)
 - седење- седи само, може да се задржи ако се навали напред и странично
 - на стомак – се одржува во лазечка позиција на колена и дланки, не мора да лази
 - исправено на нозе – ја носи тежината на телото ако го поставиме покрај мебел или го држиме за двете раце
 
- Фина моторика
 - фаќа ситни предмети со испружени палец и показалец, држи во раката цврста храна и ја носи во уста. Се подобрува заедничкото користење на двете раце, намерно испушта предмети од рака
 
Перцепција
- визуелна – следи каде му го криеме предметот
 - аудитивна- реагира и на шумови
 
Комуникација
- изговара слогови
 
Социјално однесување
- се плаши од непознати, плаче ако слушне плач од друго бебе, привлекува внимание (намерно кашла, се смее, итн)
 - почнува да учи кореографии на песнички (на пр. Две рачиња десет прсти.)
 
Црвени развојни знаменца на дете од 9 месеци
- не седи самостојно, дури ни со потпирање
 - не ја носи тежината на телото
 - не реагира на повикување на име
 - не изговара согласки
 - не успева да префрли играчка од една во друга рака
 - нема интерес да го истражува просторот
 - индиферентно е дури и кон мајката
 
