Моторен развој
- може да клекне и да се исправи без држење
- фрла топка
- се труди да ја дофати топката со рацете и телото
- се бутка со нозете качено на играчка со тркала (се придвижува)
- качува и симнува скали ако го држиме за една рака
- отвара капак на кутија
Когнитивен развој (учење, размислување и решавање проблеми)
- реди кула од 4 коцки
- става прстени на стапче
- шкрта
- почнува да ги разбира концептите на време (На пр. „Не сега, кога ќе одиме дома“)
- препознава и именува познати лица на слика
- памти детали и рутини
Јазик и комуникациски вештини
- има холофраза (еден збор е цела реченица) а до крајот на периодот поврзува по 2 збора
- има околу 20тина зборови со значење
- на барање, именува некои слики во книга
- повторува зборови кои ги слушнало
- бара помош
Социоемоционален развој
- се јавува лутина, срам, фрустрација
- не може да си ги контролира емоциите, што е причина за појава на тантруми
- кон крајот на периодот се намалуваат сепарационите стравови
- почнува да сочуствува, ако е некој тажен – го гушка
- посесивно е за своите играчки
Црвени знаменца на дете од 24 месеци
- не прави обид за трчање
- не умее да фрли топка
- има млитаво или круто држење на телото
- не разбира вербални налози ако не се придружени со гест и покажување
- не повторува зборови
- нема интерес да разгледува книга барем 5 минути
- има помалку од 20 збора и не ги поврзува во реченица
- не користи гестови да го дополни својот говор