Македонка Радуловиќ – претседател и основач на ЕСТИА.
Работи како професор на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за семејни студии. Доктор е на европски студии за интеграција, својот докторки труд го брани во 2009г на Институтот за социологија при Филозофски факултет, Скопје. Пишува голем број научни и стручни трудови од областа на Европската социјална политика, семејството, здравјето и човековите права. Има земено учество во меѓународни научни конференции и семинари. Активен член е на Европското движење на Република Македонија. Од декември 2019 таа е потпретседател на Европското движење. Радуловиќ е национален координатор за Македонија за COST Action 18123: The European Family Network.
Истражувачки интереси: европска социјална политика, семејство, семејна и брачна едукација, семејство и здравје, човекови права.
Кескинова Ангелка – основач, одговорно лице за развој на политики за семејства во ризик, семејно и брачно советување.
Доктор на дефектолошки науки и семеен системски советник. Работи како професор на Институтот за семејни студии при Филозофски факултет, Скопје. Има учествувано на бројни национални и меѓународни проекти од областа на специјална едукација и рехабилитација. Автор е на повеќе трудови и монографии истата област.
Истражувачки интереси: лица со попреченост, семејствата и родителските улоги на дете со пречки во развој, ментално здравје. До сега има учествувано во повеќе меѓународни и национални проекти, ко/автор на повеќе публикации од оваа област.
Ирена Авировиќ Бундалевска – основач, одговорно лице за развој на програми за мултикултурализам и родова еднаквост
Доктор по исторски науки. Вработена на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за семејни студии, како професор за научните области: Семејството во мултикултурните општества и Семејните проблеми и религиските институции. Национален координатор за Македонија за COST Action 18123: The European Family Network.
Истражувачки интереси: Културни и социјални промени на Балканот во 20-от век, со посебен фокус на миграциските текови, етничките групи и малцинствата на полуостровот. Историјата на семејството и бракот, мултикултурализам.
Билјана Тодорова – основач, одговорно лице за развој на програми за правна едукација
Доктор по правни науки. Работи како вонреден професор на правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“–Штип. Учествувала во подготвувањето на националното трудово законодавство. Автор е на повеќе монографии и публикации од таа област.
Истражувачките интереси се фокусираат на домашно и меѓународно трудово право и политика, одлуките и улогите на владите во промовирањето на социјалното и економското подобрување на пазарот на трудот во ерата на глобализацијата.
Александра Каровска Ристовска – основач и проектен менаџер
Доктор на дефектолошки науки. Работи како професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет, Скопје. Oстварила студиски престои на универзитети во Холандија, Германија, Норвешка, САД. Има учествувано во голем број национални и меѓународни проекти, ко/автор на многу публикации од оваа област.
Истражувачки интереси: рана интервенција; инклузивно образование; реедукација на психомоторика; специфични тешкотии во учењето асистивни технологии.
Ајдински Горан – основач, одговорно лице за развој на инклузивни политики за лица со попреченост
Доктор на дефектолошки науки. До сега има учествувано во повеќе од 20 проекти , ко/автор повеќе публикации и монографии од оваа област. Работи како професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет, Скопје.
Истражувачки интереси: процена од областа на специјалната едукација и рехабилитација, инклузивно образование, специфични тешкотии во учењето.