Моторен развој
Груба моторика
- легнато на грб – главата е во средишна линија на телото, кога го повлекуваме во седечка позиција ја задржува, има воспоставено контрола. Со рацете и нозете прави симетрични движења
- легнато на стомак – се потпира на подлактици, ја задржува исправено главата под агол од 45 до 90 степени, во времетраење од околу една минута
- држено под пазуви, исправено- при контакт на стапалата со подлогата на кратко ја задржува тежината и прави обид да се одбие
Фина моторика
- дланките се отворени, пасивно поставен предмет кратко задржува и има свесност за тоа
- ги доближува дланките една до друга, во ниво на граден кош и ги носи во уста
- мафта со рацете и ако над него има висечки играчки, успева да погоди некоја од повеќе обиди
Перцепција
- визуелна- следи предмет со поглед и вртење на глава хоризонтално од едниот до другиот крај, како и нагоре и надолу, поаѓајќи од средишната линија
- аудитивна – моторна слушна реакција, на звуци реагира со целото тело ( се вознемирува или го прекинува движењето). Почнува да го препознава и да реагира на гласот на мајката
Комуникација
- гуга, поврзува согласки со самогласки (вокали со грлени звуци)
Социјално однесување
- насочена, социјална насмевка проследена со радост кога ќе ја види мајката
Црвени знаменца на дете до 3 месеци
- држењето на телото не треба да му биде ниту круто, ниту млитаво. Движењата на рацете и нозете не треба да се разликуваат во однос на лева и десна страна
- главата ја зафрла наназад ако го повлекуваме да седне, или пак е навалена на една или друга страна додека го држиме во раце исправено
- дланките ги држи цврсто стегнати, палецот е внатре и нема свесност ни ако вие му ставите нешто да држи
- отсуство на насмевка
- нема насочен поглед, ниту обид за следење предмет или лице кое е пред него
- не гуга, ниту вокализира
- не реагира на звуците од околината
- има бурни реакции на допир, кога го пресоблекувате капете, гушкате, масирате и сл.