Моторен развој
Груба моторика
- активно седнува, со мала помош се исправа на нозе
- самостојно и долго седење
- исправено на нозе – стои неколку секунди само, оди покрај мебел и ако го држиме за една рака
- на стомак – координирано лазење
Фина моторика
- фаќа ситни предмети со свиткан палец и показалец
- удира две играчки една од друга, или тропа по масата да направи звук
- држи лажица, но се уште не јаде само
Перцепција, разбирање, говор и комуникација
- се јавуваат првите зборови со значење, во комуникацијата доминантни се гестовите
- го разбира едноставниот говор, адекватно реагира
- се подобрува визуомоторната координација
- забележува лива и предмети кои брзо се движат и се на поголемо растојание од него
Социјално однесување
- се гордее на себе кога ќе успее да направи нешто
- не сака да биде оставено со непознати (во градинка)
- сака да му чита мајката книга и адекватно реагира на содржината (повеќе на бојата и мелодијата на гласот)
- иницира контакт со возрасните, има гест за прашање
Црвени знаменца на дете од 12 месеци
- не стои, не ползи
- нема ниту еден збор со значење
- не реагира на повикување
- не ја бара играчката кога му ја криете
- не употребува никакви гестови
- доколку губи некои од вештините кои претходно ги усвоило