Моторен развој
- стои на една нога барем 10 секунди
- скока, прескокнува, заобиколува пречки
- се превртува (колут напред)
- се лула на лулашка, се качува и спушта по лизгалка на детско игралиште
- странично скока, прецизно шутира
Когнитивен развој (учење, размислување и решавање проблеми)
- брои и одбројува до 10 предмети
- црта човечка фигура со најмалку 6 дела
- црта едноставни цртежи со детали (цртежот е богат, како приказна)
- прецртува триаголник
- има знаење за работите кои секој ден се користат (храна, облека, пари, прибор за јадење итн)
- ги препишува цифрите од 1 до 10, самостојно пишува печатни букви, држи правилно молив
- го препишува своето име
Јазик и комуникациски вештини
- зборува разбирливо
- раскажува со цели реченици
- во говорот користи и идно време
Социоемоционален развој
- сака да им угоди на другарчињата
- сака да се спријателува
- разликува машки од женски пол
- ги прифаќа правилата на игра
- покажува поголема самостојност (оди само кај другарчето кое живее три ката над него)
- ужива во правење претстави (игра, танцува, глуми)
- знае да менува расположенија, да соработува, па да почне да се инаети
Црвени знаменца на дете од 5 до 6 год.
- има мал опсег на емоции
- има екстремни однесувања, како нереален страв, агресивност или изразена срамежливост
- повлечено е, одбива да се дружи
- нема реакција на присуство и обраќање од страна на други деца или возрасни
- не го кажува целото име и презиме
- вниманието му се одвлекува лесно и е краткотрајно
- не користи еднина и множина во говорот, ниту минато и идно време
- не црта
- му треба помош при користење на тоалет, облекување и исхрана
- ги губи вештините кои претходно ги имало усвоено