Моторен развој
- стои на една нога барем 2 секунди
- најчесто дофаќа топка кога му ја дофрламе
- претура сок од шише во чаша
- сече со ножици со мала помош
- учествува во подготовка на својот оброк (меша житарки со млеко)
Когнитивен развој (учење, размислување и решавање проблеми)
- препознава и именува основни бои
- брои до 10 (дозволено прескокнување на некој број)
- почнува да го разбира поимот за време
- памти и раскажува делови од приказна
- разликува исто од различно
- црта човечка фигура со 4 дела
- препишува неколку печатни букви
- игра друштвени игри (меморија, домино…)
- додека му читате, дава претоставки за идните настани во книгата
Јазик и комуникациски вештини
- ја усвојува граматиката на мајчиниот јазик
- пее детски песнички
- раскажува пократки содржини
- знае да си го каже целото име и презиме
Социоемоционален развој
- игра игри по улоги
- креативно е, игрите кобајаги му се побогати
- почесто сака да игра со други деца, отколку сам, соработува при играње
- разликува што е вистина, а што измислено
- има став за тоа што сака, или не сака
Црвени знаменца на дете од 4 до 5 год.
- не може да скокне во место
- не разликува вистинско од измислено
- одбива да се дружи, повеќе сака да игра само
- дава отпор при облекување, хранење и користење на тоалет
- има проблем да раскаже нешто
- не разбира вербален налог од три дела
- не разликува исто од различно
- говорот е неразбирлив за околината
- не употребува правилно лични заменки (јас и ти)
- ги губи вештините кои ги имало усвоено претходно