Моторен развој
- вешто е при качување
- трча со леснотија
- вози точак на три тркала со вртење на педалите
- качува и симнува скали, со наизменично стапнување на секоја скала
- лесно ракува со играчки кои имаат рачки, команди на копчиња и сл.
Когнитивен развој (учење, размислување и решавање проблеми)
- разбира колку се Две (две топки, две кукли…)
- црта круг, повлекува хоризонтална и вертикална линија по пат на имитација
- врти по една страница од сликовница
- прави сложувалки од 4 дела
- гради кула од барем 6 коцки
- игра игри кобајаги
Јазик и комуникациски вештини
- ги именува речиси сите познати работи
- кажува како се вика, пол и возраст
- го знае името на другарчето
- користи множина, како и лични заменки (јас, ти, ние)
- разбира и извршува вербални налози од два или три дела
Социоемоционален развој
- ги имитира другарчињата и возрасните
- покажува наклонетост кон другите
- загрижено е ако другарчето плаче
- си го чека редот во игра
- полесно се одвојува од родителите
- има мноштво на емоции
- самостојно е при облекување и соблекување, мие и брише раце
Црвени знаменца на дете од 3 до 4 год.
- е невешто, лесно се препнува и паѓа
- има зголемено лигавење или доста неразбирлив говор
- во говорот отсуствуваат реченици
- не разбира наједноставни вербални налози
- не имитира и не игра замислени игри
- не Ве гледа во очи додека му зборувате
- ги губи вештините кои ги има претходно усвоено