Моторен развој
- се подига на прсти
- шутира топка
- се качува на столица, кревет, препреки на детско игралиште
- прави обиди за трчање
- со држење качува и симнува скали
- ја фрла топката со исправена рака над глава (со зафрлување)
- повлекува прави линии и се обидува да нацрта кружна линија
Когнитивен развој (учење, размислување и решавање проблеми)
- пронаоѓа и подобро сокриен предмет (под неколку покривки)
- кон крајот на овој период почнува повеќе да ја користи едната рака или да шутира со едната нога (се гледа дали ќе му биде водечка левата или десната рака/нога)
- прави едноставни класификации, ги групира предметите по големина, форма, боја, без именување какви се
- почнува да игра игри кобајаги
- реди кула од 3 до 5 коцки
Јазик и комуникациски вештини
- на барање покажува конкретна слика во сликовница
- именува делови од тело, како и секојдневни предмети и лица во неговата околина
- поврзува два збора во реченица, а до крајот на овој период може да поврзе 3-4 збора
- разбира и извршува едноставни вербални налози (донеси ја топката)
- повторува зборови што ги слушнал од возрасните
- на прашањето: „Каде е?“, точно покажува со прстот
Социоемоционален развој
- ги копира поголемите деца и возрасните
- се развива самостојноста
- се радува на други деца
- пркоси, прави по свое, се инаети
- доминира паралелна игра, со повремено вклучување на друго дете во својата игра, или тоа се обидува да се вклучи во туѓа игра
Црвени знаменца на дете од 2 до 3 год.
- не поврзува два збора во реченица
- не знае за што служат секојдневните предмети (чешел, чаша, лажица…)
- нема интерес за имитирање на други лица
- не оди стабилно
- ги губи претходно стекнатите вештини